Список на ракометарки за Квалификациите за ЕП

Список на ракометарки за Квалификациите за ЕП

Селекторот на Женската сениорска репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објавува списокот на ракометарки повикани за подготовките за Квалификациските натпревари за ЕП 2016 против Црна Гора и Хрватска.

За првиот собир кој е закажан за 28 мај (сабота) во СРЦ Кале со почеток од 09:30 часот, Симовски повика 17 ракометарки. Според распоредот на натпревари, против Црна Гора ќе играме во Скопје на 2 јуни, додека на 5 јуни нашата женска репрезентација ќе гостува во Риека на селекцијата на Хрватска.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ

Голмани:
1. Наташа Антиќ
2. Драгана Петковска
3. Матеја Серафимова
4. Нина Ладева

Крила:
5. Јована Саздовска
6. Сара Митова
7. Наташа Нолевска
8. Сара Ристовска

Бекови:
9. Дајана Јовановска
10. Теодора Керамичиева
11. Андреа Белеска
12. Елена Ливриниќ
13. Симона Стојановска
14. Елена Ѓорѓијевска

Пикери:
15. Марија Николиќ
16. Ивана Гакидова
17. Стефанија Мишевска

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести