Наши пријатели

Соопштение за јавноста

Комисијата назначена од Управниот Одбор на РФМ за избор на селектор, во состав: Гино Стрезовски, Славче Атанасовски и Милчо Чакарески, на состанокот што се одржа во просториите на Ракометната Федерација на Македонија, констатираше пет пристигнати пријави за селектор на Машката сениорска репрезентација и тоа:
– Владимир Глигоров
– Александар Брковиќ
– Лино Червар
– Robert Hedin
– Jordi Lluelles Mlserol

Членовите на Комисијата по разгледувањето на пријавите, едногласно го предложија Лино Червар за нов селектор на Машката сениорска репрезентација, до членовите на Управниот одбор на РФМ. Предлогот беше прифатен од УО на РФМ.

Управниот Одбор на РФМ, го прифати предлогот на РК Вардар од Скопје, Пепи Манасков да биде назначен за ВД Селектор на Кадетската репрезентација на Македонија. Кадетската репрезентација на Македонија (Генерација 1998 и помали) во периодот од 15 до 21 август 2016 година, ќе учествува на ЕХФ Шампионат во Варна, Бугарија.

Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија

Capture

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright