Наши пријатели

Соопштение за јавноста

halk bank

                             Халкбанк е нов официјален спонзор на Ракометната Федерација на Македонија

Скопје, 24 октомври – Денес, во присуство на медиумите, спортските новинари и претставници на Ракометната Федерација на Македонија, во просториите на Бизнис центарот на Халкбанк, и официјално беше потпишан договорот за годишно спонзорство помеѓу Халкбанк и РФМ.

На претстојниот утрешен квалификациски натпревар помеѓу репрезентацијата на Македонија и Турција за Европското првенство во 2020 година, ракометарите на Македонската репрезентација за прв пат ќе носат дресови со логото Халкбанк.

Имено, логото на Халкбанк ќе се користи на сите дресови кои се користат во натпреварувањата на Сениорската машка, Сениорската женска и националните репрезентации во млади категории во машка и женска конкуренција (младински, кадети и пионери).

Тргнувајќи од својата определба да биде „банка на луѓето“, каде оддава признание дека секој еден е еднакво важен, градејќи и негувајќи уникатна, нераскинлива врска со сите свои корисници, Халкбанк одлучи да ги поддржи македонските машки и женски ракометни репрезентации во нивните понатамошни успешни спортски походи, сѐ до крајот на 2019 година.

„Ние како банка отсекогаш сме го препознавале и наградувале успехот кој се темели на посветеност, натпреварувачки дух и тимска работа. Особено сега, кога е актуелна нашата корпоративна кампања ‘Важни се луѓето’, сметаме дека е исклучително важно да ја покажеме нашата поддршка и кон македонскиот ракомет, како можеби и најклучната гранка на националниот спорт, и заедно со сите македонски граѓани и верните навивачи да им дадеме дополнителен мотив на ракометарите да продолжат преку победи“, изјави Др. Билал Суџубаши, генерален директор на Халкбанк.

„Навистина ме радува фактот што Халкбанк искрено ги препознава вистинските вредности во сите сегменти на нашето живеење, а секако не исклучувајќи го тука и македонскиот ракомет. Од името на целата Федерација сакам да ја изразам нашата благодарност за оваа поддршка, бидејќи токму ваквите партнерства ни даваат шанса да покажеме пред светот дека навистина имаме квалитетен ракомет и вистински велемајстори“, изјави Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, г-дин Живко Мукаетов.

На прес-конференцијата беа присутни селекторот на Машката ракометна репрезентација на Македонија Раул Гонсалез, како и капитенот на Македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, кои исто така ја истакнаа својата благодарност кон Халкбанк, како најнов поддржувач на македонската ракометна репрезентација, и истовремено посочија дека се надеваат на долга и успешна соработка која несомнено ќе придонесе за многу нови победи. Тие истовремено ја најавија и новата серија претстојни натпревари, почнувајќи со квалификацискиот натпревар за ЕП 2020 помеѓу репрезентациите на Македонија и Турција.

Инаку, поддршката на Халкбанк на Ракометната Федерација на Македонија се случува токму во екот на настапите на машката ракометна репрезентација, а првиот квалификацискиот меч со Турција ќе се одигра утре во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток од 20.15 часот. Веднаш по мечот со Турција, следи гостувањето во Грција на 28 октомври, каде македонските ракометари повторно ќе го носат дресот закитен со логото Халкбанк.

прес

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright