Наши пријатели

Собир на Машката младинска репрезентација за ЕП во Данска

juniorska reprezentacija

ВД Селекторот на Машката младинска репрезентација на Македонија (У20), Александар Јовиќ, објави список од 16 ракометари кои ги повика на првиот собир на репрезентацијата, за почеток на подготовките за настапот на Европското Првенство во Данска.

Првиот собир на Младинците ќе се одржи во четврток (2 јуни 2016) во салата Автокоманда во Скопје, со почеток од 11:30 часот.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ ЗА СОБИР НА МЛАДИНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Нашите младински репрезентативци, на Европското Првенство во Данска се пласираа откако успешно ги минаа квалификациите што се играа во Шафхаузен против Швајцарија, Црна Гора и Фарски Острови.

Европското Првенство ќе се игра во градовите Колдинг и Вамдруп, во периодот од 28 јули до 7 август 2016. Македонија се наоѓа во Групата Ц, заедно со селекциите на Норвешка, Холандија и домаќинот Данска.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright