Наши пријатели

Собир на Кадетската машка репрезентација (до 18 години)

bugojno_makedonija

Селекторот на Кадетската машка репрезентација на Македонија (до 18 години), Иле Темелковски, го објави списокот на ракометари за собир за припреми за настап на ЕП (Дивизија Б) во Бугарија.

Темелковски повика 21 ракометар на собирот што ќе се одржи во петок (05.06.2016) во спортската сала „Автокоманда“ со почеток од 16:00 часот.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ

Дел од ракометарите што се дел и од Јуниорската репрезентација на Македонија, на Кадетската селекција ќе се приклучат по враќањето од ЕП во Данска.

Европското кадетско првенство (Дивизија Б) ќе се игра во Варна и Камчиа во Бугарија во периодот од 15 до 21 август. Македонија е во група со Унгарија, Украина, Ерменија, Косово и Кипар.

 

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright