Наши пријатели

Скопје и Македонија домаќини на женскиот У17 ЕХФ Шампионат во 2017 година

W17-EHF-EURO-Trophy-and-Medals-Ceremony-5436

Во периодот од 14 до 20 август 2017 година, еден од двата ЕХФ Шампионати за девојки до 17 години ќе се одигра во Скопје. Европската куќа на ракометот ја прифати кандидатурата на РФМ за организатор на ова натпреварување, кое претставува своевидна Б-Дивизија на Европското Првенство.

Ракометната Федерација на Македонија ја испрати својата кандидатура до ЕХФ за организација настанот на 22 јануари годинава, а претходната успешна организација на големи настани од континентален карактер, имаше главно влијание при конечната одлука на Европската куќа на ракометот. Оваа одлука беше официјализирана на состанокот на Извршниот комитет на ЕХФ што се одржа во Бордо во средата (16 март 2016).

На ЕХФ Шампионатот во нашата земја, десетте репрезентации учесници ќе бидат сместени во хотелот „Континентал“, додека хотелот „Русија“ е предвиден за сместување на официјалните лица. Натпреварите ќе се играат во СРЦ „Кале“. Покрај во Македонија, еден ЕХФ Шампионат ќе се игра и во Литванија во истиот период.

Инаку, овој натпреварувачки систем, со едно Европско Првенство и два ЕХФ Шампионати, почнува да се применуваа оваа година по одлуката донесена на ЕХФ Конгресот од 2014 година. Со воведувањето на ЕХФ Шампионатите, квалификации за Европски Првенства во млади категории веќе нема да постојат, а репрезезнтациите ќе бидат сортирани во соодветното натпреварување според ЕХФ ранкингот. Последните квалификации за ЕП во млади категории, кои што се веќе закажани, ќе се одиграат во март наредната година.


*** Фото: Момент од ЕП за ракометарки до 17 години што во 2015 година се играше во Скопје

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright