Симовски го објави поширокиот список за квалификациските натпревари со Словенија

Симовски го објави поширокиот список за квалификациските натпревари со Словенија

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија на 10 и 12 март ќе ги одигра двата натпревари против Словенија во рамки на Квалификациите за ЕП 2016 година. Селекторот Симе Симовски го објави поширокиот список од 18 ракометарки кои се повикани за собирот во Скопје.

Собирот ќе се одржи во СРЦ „Кале“ во понеделник (7 март) со почеток од 10:00 часот, каде Симовски ќе има можност да ги воигра ракометарките пред значајните две средби со Словенија. Првиот натпревар на 10 март (четврток) го играме на гостински терен во Марибор, додека втората средба се игра само два дена подоцна на 12 март (сабота) во Скопје.

Македонија и Словенија моментално се без бодови во силната квалификациска група каде се уште и Хрватска и Црна Гора, со што за очекување е дека токму овие меѓусебни дуели ќе ја решат борбата за третото место во групата, кое би можело да води на ЕП. Според системот за натпреварување, само најдобрата третопласирана репрезентација од вкупно седумте групи патува на ЕП, но засега, по две одиграни кола во квалификациите, ниту една од третопласираните (и четвртопласираните) селекции нема освоено бод.

Список на повикани ракометарки:

Наташа Антиќ
Драгана Петковска
Матеја Серафимова
Нина Ладева
Јована Саздовска
Сара Митова
Наташа Нолевска
Сара Ристовска
Дајана Јовановска
Теодора Керамичиева
Андреа Белеска
Елена Ливриниќ
Симона Стојановска
Елена Ѓорѓијевска
Габриела Величковска
Стефанија Мишевска
Марија Николиќ
Ивана Гакидова

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани спортски пријатели, Ве известуваме дека за ракометниот натпревар во рамките на ЕХФ

Информација до медиуми

Почитувани претставници на медиумите, Ракометната Федерација на Македонија Ве информира дека апликациите за акредитации