Симе Симовски го објави поширокиот список за Квалификациските натпревари за ЕП со Шведска и Србија

Симе Симовски го објави поширокиот список за Квалификациските натпревари за ЕП со Шведска и Србија

Селекторот на Женската сениорска репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави поширокиот список од 27 ракометарки за претстојните два квалификациски натпревари за ЕП 2018 против селекциите на Шведска и Србија.

ПОШИРОК СПИСОК НА РАКОМЕТАРКИ ЗА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 
Драгана Петковска, Матеја Серафимова, Амра Илјаз, Јована Мицевска, Јована Саздовска, Сара Ристовска, Наташа Нолевска, Марија Гајиќ, Теодора Керамичиева, Марија Штериова, Александра Боризовска, Душица Ѓоргиевска, Елена Ливриниќ, Леонида Гичевска, Елена Ѓеорѓијевска, Дајана Јовановска, Ивана Гакидова, Марија Николиќ, Милица Николиќ, Мирјета Бајрамовска, Ангела Тодоровска, Мила Трајковиќ, Моника Јаневска, Јована Кипријановска, Марија Тасевска, Јана Калајџиевска, Сања Дабевска.

Репрезентацијата на Македонија се наоѓа во третата квалификациска група за Европското Првенство, каде покрај Шведска и Србија, се натпреварува и селекцијата на Фарски Острови. Досега со две победи во вкупно одиграните четири средби, Македонија се наоѓа на третото место на табелата со четири бода, односно два бода помалку од лидерите Шведска и Србија, додека Фарски Острови се последни без бодови.

Последните две кола од Квалификациите ќе се одиграат во периодот од 30 мај до 3 јуни. Првата од двете средби Македонија ќе ја игра во СРЦ „Кале“ во Скопје на 30 мај против Шведска, додека во последното коло, нашите ракометарки ќе и гостуваат на Србија во Ниш на 3 јуни.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на