Шведска противник на македонските сениорки во баражот за СП

Шведска противник на македонските сениорки во баражот за СП

Денеска во Гетеборг се одржа извлекувањето на двојките од Баражот за Светското Првенство 2017, по кое Македонската женска сениорска репрезентација за противник ќе ја има силната Шведска во двомечот.

Успешниот настап во квалификациската група што се играше на Фарски Острови им обезбеди пласман на нашите репрезентативки во баражот за СП, каде најпрво ќе бидат домаќини на Швеѓанките во првата средба, додека вториот натпревар ќе го играме на гостински терен. Победниците од бараж двомечот ќе го осигураат местото на Светското Првенство. Бараж натпреварите ќе се одиграат во јуни 2017 година.

Двојки за бараж натпреварите за СП 2017:

Македонија – Шведска
Црна Гора – Белорусија
Италија – Србија
Русија – Полска
Унгарија – Словачка
Романија – Австрија
Украина – Шпанија
Хрватска – Словенија
Чешка – Турција

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Бидете информирани дека по барање на ракометните клубови учесници