Сениорките поразени од Србија во Ниш за крај на Квалификациите за ЕП 2018

Сениорките поразени од Србија во Ниш за крај на Квалификациите за ЕП 2018

Сениорската женска репрезентација на Македонија со пораз од 35-30 на гостувањето против фаворизираната Србија ги заврши Квалификациите за Европското Првенство што на крајот на оваа година ќе се игра во Франција.

Избраничките на Симе Симовски со овој четврти пораз во вкупно шесте натпревари, групата ја завршија на третото место со вкупно освоени 4 бодови, недоволни за пласман на завршницата на континенталниот собир.

Македонија добро ја почна средбата во Ниш и во поголемиот дел од првото полувреме се наоѓаше во минимално водство. Сепак, на крајот на полувремето, Србија направи серија од 5-1 и на пауза замина со водство од 16-13. Серијата на домаќинот продолжи и на стартот на второто полувреме, кога Србија стигна и до прва двоцифрена предност од 26-16, од која нашите репрезентативки немаа сили да се вратат. Завршницата на натпреварот и припадна на Македонија која со три погодоци во низа само успеа да намали и да ги постави конечните 35-30.

Капитенот Елена Ѓеорѓијевска со 9 голови беше најпрецизна во нашиот состав и воопшто на натпреварот. Марија Штериова додаде 6, Саздовска постигна 5, а Ивана Гакидова беше стрелец на 3 гола. Мирјета Бајрамовска, за која ова беше последен натпревар во дресот на македонската репрезентација, реализираше два гола, исто колку и Нолевска и Ристовска, додека во листата на стрелци со еден постигнат погодок се запиша и Керамичиева. Кај Србија, Крпеж и Обрадовиќ беа најдобри стрелци со по 6 погодоци, а одлична на голманската позиција беше Катарина Томашевиќ.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на