Сениорките поразени од Хрватска за крај на Квалификациите за ЕП

Сениорките поразени од Хрватска за крај на Квалификациите за ЕП

Сениорската женска ракометна репрезентација на Македонија со пораз од 35-19 против Хрватска ги заврши Квалификациите за ЕП 2016 што ќе се игра во Шведска. Избраничките на Симе Симовски, на последното гостување во Риека, немаа сили да се спротистават на фаворизираниот противник, кој водеше во текот на целата средба и заслужено славеше на крајот.

Македонија на натпреварот настапи без капитенот Елена Ѓорѓиевска која се повреди на последната средба во Скопје во четвртокот, а Хрватска тоа знаеше на најдобар начин да го искористи и рано во натпреварот поведе со 8-1. Ја поправија играта нашите ракометарки во продолженето, но Хрватска одигра одигра без поголеми падови и на полувреме веќе имаше предност од 17-7. Во неколку наврати во второто полувреме разликата се намали на помалку од 10 голови, сепак Хрватска со нова серија дополнително зголеми за во мирната завршница слави со 35-19.

По три голови во нашиот состав постигнаа Ристовска, Митова, Ливриниќ и Јовановска како најпрецизни, додека Андреа Пенезиќ беше најдобар стрелец кај Хрватска со 7 голови. Со оваа средба се компетираа квалификациите за ЕП 2016, кои Македонија ги заврши без победа. Пласман на континенталниот шампионат од нашата група обезбедија Хрватска, Црна Гора и Словенија.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на