Сениорките ја пречекуваат Шведска во Скопје

Сениорките ја пречекуваат Шведска во Скопје

Сениорската женска репрезентација на Македонија вечерва од 19:00 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе го одигра претпоследниот натпревар од Квалификациите за Европското Првенство 2018 што ќе се игра во Франција.

Селекторот Симе Симовски утрово го соопшти конечниот список од 16 ракометарки што ќе истрчаат на мечот со Шведска: Ивана Гакидова, Душица Ѓорѓијевска, Александра Боризовска, Драгана Петковска, Мирјета Бајрамовска, Наташа Нолевска, Елена Ѓеорѓијевска, Матеја Серафимова, Марија Николиќ, Теодора Керамичиева, Моника Јанеска, Дајана Јовановска, Сара Ристовска, Елена Ливриниќ и Марија Штериова.

Селекцијата на Шведска со полн состав допатува во Скопје, а пред средбата важи за изразит фаворит, сепак нашите ракометарки ветуваат максимален ангажман и борба во текот на сите 60 минути. Шведска моментално се наоѓа на втората позиција на табелата, со два бода повеќе од нашата селекција која е третопласирана, но Македонија со победите над Фарски Острови во последните две кола и натаму е активна во игра за пласман на континенталниот собир.

Натпреварот почнува од 19:00 часот во СРЦ „Кале“ а влезот во салата е слободен.

По завршувањето на овој натпревар, нашите репрезентативки веднаш ќе се насочат кон последното коло од квалификациите кое е закажано за викендов. На средбата што ќе се игра на 3 јуни, Македонија ќе гостува на Србија која моментално е првопласирана селекција во квалификациската група. Натпреварот ќе се игра од 18:00 часот во Ниш.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на