Сениорките ги почнаа подготовките за баражот за СП против Шведска

Сениорките ги почнаа подготовките за баражот за СП против Шведска

Сениорската женска репрезентација на Македонија утрово во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје го одржа првиот собир за почеток на подготовките за бараж-двомечот за СП 2017 против репрезентацијата на Шведска.

Селекторот Симе Симовски по кусиот состанок со присутните ракометарки го одржа и првиот тренинг, а веќе вечерва, на вториот тренинг, се очекува комплетирање на составот.

Според распоредот, ќе се тренира два пати дневно денеска и утре, односно до заминувањето за Турција во среда, каде Македонија ќе настапи на меѓународен подготвителен турнир. На турнирот во Анталија што ќе трае до недела (4 јуни), покрај со домаќинот Турција, нашата селекција ќе одигра натпревари и против соодветните селекции на Литванија и Русија.

По враќањето во Скопје, нашите репрезентативки ќе ги продолжат тренинзите до првата од двете бараж средби против Шведска за пласман на СП 2017. Првиот натпревар ќе се одигра во СРЦ „Кале“ во Скопје на 10 јуни 2017 со почеток од 20:30 часот. Реваншот во Шведска е предвиден за 13 јуни 2017.

За потсетување, Македонската женска сениорска репрезентација обезбеди место во баражот за СП по успешниот настап на квалификацискиот турнир на Фарски Острови, во конкуренција на домаќинот, Исланд и Австрија.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести