Наши пријатели

Сениорите подобри од Србија на последната контрола пред ЕП

SRBIJA_MAKEDONIJA

Сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија славеше победа и во втората и последна подготвителна средба во Белград. По високиот триумф над Саудиска Арабија во првиот меч, избраниците на Раул Гонзалез одиграа одлично во текот на сите 60 минути и против домаќинот Србија, совладувајќи го со 32-29.

Првото полувреме беше генерално изедначено, а по неколкуте промени на водството, Македонија замина на пауза со предност од 14-13. Во второто полувреме во неколку наврати водевме и со 4 голови разлика, а и покрај обидите на Србија во завршницата резултатски да се врати во игра, Македонија знаеше како да ја задржи предноста и да стигне до заслужен триумф.

Гоце Георгиевски беше најдобар реализатор во нашиот состав со 8 погодоци, 6 гола додаде Филип Талески, а во листата на стрелци уште се запишаа и Стоилов со 5, Кирил Лазаров и Пешевски со по 3, Миркуловски, Никола Марковски и Ојлески со по 2 гола, како и Мартин Попоповски кој постигна 1 гол. На овој натпревар за Македонија не настапија Немања Прибак и Дејан Манасков.

Нашата репрезентација се враќа во Скопје денеска, а утре ќе биде слободен ден. Тренинзите продолжуваат по Божиќ, поточно на 8 јануари, а ќе се тренира со редовно темпо од два тренинзи дневно до заминувањето за Загреб кое е предвидено за 11 јануари.

 

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright