Наши пријатели

РК Вардар ја одбрани титулата во Македонското Првенство

vardar4

Со победа од 36-29 на полувреме 19-14 против Рк Еурофарм Работник на домашен терен, екипата на Рк Вардар на две кола до крајот од Суперлигашкиот Плејоф, ја осигура 13-тата титулата во домашниот Шампионат.

На Рк Вардар му преостануваат уште два натпревара до крајот на Првенството против Рк Пелистер на домашен терен и против Рк Металург во Автокоманда, сепак денешниот триумф им донесе 6 бодови предност на табелата пред второпласираната екипа Рк Еурофарм Работник.

Ова е 13-та титула за Вардар во 27-та сезона од Националното Првенство и веќе петта по ред, со што црвено-црните се зацврстија на првото место според бројот на титули пред Металург и Пелистер кои се изедначени со по 6 трофеи досега.

На церемонијата што се одржа пред голем број навивачи на клубот, пехарот и медалите ги доделија Генералниот Секретар на Ракометната Федерација на Македонија, Филип Милошевски и Ѓорѓи Тренковски член на УО на РФМ.

vardar3vardar5 vardarvardar1

(Фото: Филип Вирановски, Gol.mk)

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright