Наши пријатели

РК Вардар и ЖРК Металург ги освоија трофеите во Пионерските лиги на Македонија

07-660x330

Викендов во Скопје и Битола се одиграа Фајнл Фор турнирите во двете пионерски лиги на Македонија во машка и женска конкуренција, по што познати се државните шампиони за сезоната 2017/18.

На Фајнл Фор турнирот што се играше во СРЦ „Кале“ во Скопје, РК Вардар со победа од 27-20 во финалето против РК Аеродром, заслужено ја освои титулата без ниту еден пораз во тековната сезона. Претходно, во полуфиналните средби, Вардар беше подобар од ГРК Тиквеш од Кавадарци, додека РК Аеродром го совлада тимот на КЛ-7 Струга. По натпреварот за третото место, бронзата му припадна на ГРК Тиквеш кој славеше против стружани со 23-21.

По завршувањето на Фајнл Фор турнирот, доделени беа и индивидуалните признанија за најдобрите ракометари на турнирот. За најдобар играч беше избран Леонид Киселовски од РК Аеродром, најдобар голман беше Леонид Чорогулов од РК Вардар, додека признанието за најдобар стрелец му беше доделено на Емилијан Ѓорговски од КЛ-7 Струга.

Резултати, Пионерска машка лига Фајнл Фор:
(Полуфинале) РК Вардар – ГРК Тиквеш 19-09 (09-06)
(Полуфинале) РК Аеродром – РШ КЛ-7 Струга 25-20 (11-10)
(За 3 место) ГРК Тиквеш – РК КЛ-7 Струга 23-21 (12-08)
(Финале) РК Вардар – РК Аеродром 27-20 (12-11)

31081642_964734353677442_5731681315900620800_n-768x576

Паралелно со Фајнл Фор турнирот во машка конкуренција, викендов во спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола се одигра завршниот турнир и кај пионерките. Во финалето, ЖРК Металург го совлада домаќинот ЖРК Пелистер со 22-13 со што ја заврши сезоната со 14 победи од исто толку натпревари и заслужено го освои победничкиот пехар. Особено интересно беше во мечот за третото место помеѓу ЖРК Делчево Вардар и ЖРК Куманово, каде по нерешените 19-19, пенали го одлучија победникот. По изведувањето на седмерците, ЖРК Делчево ја освои бронзата со триумф од 24-22.

Ангела Јанкуловска од ЖРК Пелистер го доби признанието за најдобар играч на турнирот, Елена Поповска од Металург е избрана за најдобар голман, додека најдобри стрелци беа Јована Илиевска од ЖРК Делчево Вардар и Сара Цветановска од ЖРК Куманово.

Резултат, Пионерска женска лига Фајнл Фор:
(Полуфинале) ЖРК Пелистер – ЖРК Куманово 23-17 (09-09)
(Полуфинале) ЖРК Металург – ЖРК Делчево Вардар 22-19 (12-08)
(За 3 место) ЖРК Делчево Вардар – ЖРК Куманово 24-22 (19-19; 10-09)
(Финале) ЖРК Пелистер – ЖРК Металург 13-22 (07-22)

 

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright