Наши пријатели

РК Вардар е освојувач на првиот македонски Суперкуп трофеј

vardar superkup

Актуелниот македонски шампион и освојувач на Купот на Р.Македонија од минатата сезона, тимот на Вардар, со победа од 30-25 против Еурофарм Работник, го освои трофејот во Суперкупот на Македонија, во првото негово издание.

На натпреварот што се играше во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, битолскиот состав добро започна и предводен од Ојлески и Чурлевски, поведе со 3-2 по 5 минути игра. Сепак, следуваше серија на Вардар од 3-0 за превземање на водството, кое до крајот на првото полувреме се искачи и на 7 голови (19-12).

Без посериозни проблеми избраниците на Раул Гонзалез ја задржаа резултатската предност во второто полувреме и додека двајцата тренери ја искористија можноста да ги разиграат сите расположливи ракометари во оваа увертира на новата натпреварувачка сезона, Вардар славеше со 30-25, со што го освои Суперкуп трофејот.

Данил Шишкарев, Жоан Канељас и новото засилување Даинис Кристопанс беа најефикасни во победничкиот тим со по 4 голови, додека по три гола додадоа Стоилов, Поповски, Мораес, Македа и Дибиров. Кај Еурофарм Работник, Гоце Ојлески беше прв стрелец со 8 голови, Лазо Мајнов додаде 6, а Филип Чурлевски реализираше 5 гола. Одличен настап на голот на Еурофарм Работник имаше и голманот Градимир Чаневски кој покрај добрите одбрани, постигна и еден погодок.

[ЗАПИСНИК ОД НАТПРЕВАРОТ]

Фото: Gol.mk

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright