Наши пријатели

РФМ ја исплати премијата на Младинската репрезентација за успехот на СП во Алжир

20157128_1196818127089022_3229748832882512624_o

Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата на Машката младинска репрезентација на Македонија, за пласманот на шестото место на Светското Првенство во Алжир 2017 година.

По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 10.000 евра на репрезентацијата и 1.000 евра премија на селекторот Иле Темелковски. Дополнително, РФМ ги реализираше и наменските средства доделени од Агенцијата за млади и спорт за награда за Младинците во вредност од 1 милион денари.

Младинската машка ракометна репрезентација на Македонија, на Светското Првенство што се играше во Алжир во јули 2017, го оствари најголемиот успех во историјата на македонските колективни спортови на Светските Првенства, освојувајќи го шестото место. Тимот на селекторот Иле Темелковски оствари пет победи во вкупно деветте средби што ги одигра во периодот од 18 до 30 јули.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright