Наши пријатели

Реприза на ланското финале на Купот – Вардар го брани трофејот против Металург

karacic

Екипите на Вардар и Металург со победите против Пелистер, односно Еурофарм Работник во првиот ден од Фајнл Фор турнирот во Купот на Македонија што се игра во Битола, обезбедија меѓусебна пресметка во борба за трофејот.

На првата средба во салата „Младост“, Пелистер играше добра прва половина од првото полувреме во која неколкупати се наоѓаше и во водство, сепак пред паузата Вардар успеа да се одлепи и да поведе со 20-12. Во второто полувреме актуелниот шампион постојано ја зголемуваше предноста и со постигнати 46 голови на крајот, стигна до убедлив триумф. Марсениќ и Македа со по 8 голови беа најдобри стрелци за победникот, додека кај Пелистер, Томислав Јагуриновски постигна 5 голови.

Конечен резултат: РК Вардар – РК Пелистер 46-27 (20-12) – записник од натпреварот

kuzmanovski

Вториот натпревар помеѓу Еурофарм Работник и Металург донесе резултатски многу понеизвесен дуел, сепак со исклучок на првите неколку минути од средбата кога резултатот беше изедначен, во целиот останат тек од 60-те минути Металург водеше. На полувремето екипата од Автокоманда имаше водство од 15-11, а Еурофарм во вториот дел најмногу што успеа е да се приближи на два гола негатива. Металург знаеше да го задржи водството за конечен триумф од 28-21. Кузмановски и Јагањац кај Металург со 5 погодоци ги предводеа останатите стрелци, додека за Еурофарм, Стефан Дрогришки постигна 8 голови.

Конечен резултат: РК Еурофарм Работник – РК Металург 21-28 (11-15) – записник од натпреварот

Финалето од 26-то издание на Купот на Македонија се игра денеска од 16:30 часот во салата Младост во Битола.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright