РЕХАУ Македонија е нов партнер на Ракометната репрезентација

РЕХАУ Македонија е нов партнер на Ракометната репрезентација

На последниот тренинг пред заминувањето на Машката сениорска репрезентација на ЕП во Хрватска, претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, го промовираше РЕХАУ Македонија како нов партнер на македонскиот национален тим.

Генералниот менаџер на РЕХАУ, Сашко Даев им посака среќа и успешен настап на нашите ракометари на Европското Првенство во Хрватска, додека нашите репрезентативци во знак на благодарност за поддршката на РЕХАУ, на г-динот Даев му поклонија дрес и ракометна топка потпишани од целата репрезентација.

„Ниту еден спорт не е така моќен и не ги поврзува луѓето во Македонија како што тоа го прави ракометот. Европското првенство кое за неколку дена ќе стартува во Хрватска со нетрпение го очекува цела Македонија, а РЕХАУ како компанија која долги години успешно функционира во нашата држава се одлучи да ја подржи националната спортска гордост. Можноста да бидеме на грбот на националниот дрес на капитенот Кирил Лазаров и неговите колеги од националниот тим во борба за уште едно успешно претставување на македонскиот спорт во Европа е исто така можност за успешна промоција на вредностите кои ги негува РЕХАУ како мултинационална компанија“, изјави Сашко Даев.

„Горди сме што една водечка светска компанија како РЕХАУ има искрена страст за ракометот. Посебно ни е драго што ќе бидат наши подржувачи пред еден предизвик како што е Европско првенство кое за неколку дена ќе стартува во Хрватска. Заедно можеме да направиме многу повеќе“, изјави Генералниот Секретар на РФМ, Филип Милошевски.

rehau1

rehau2

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на