Наши пријатели

Раул Гонзалез нов селектор на Сениорската машка репрезентација на Македонија

MAK (rakomet) UO na RFM 30.03.2017-2353

Шпанскиот тренер Раул Гонзалез денеска беше официјално претставен пред медиумите како нов селектор на Сениорската машка репрезентација на Македонија. Тренерот на РК Вардар, на прес-конференцијата што се одржа во просториите на РФМ, ги соопшти првите планови и очекувања за наредниот период во кој фокусот ќе биде ставен на натпреварите од Квалификациите за ЕП 2018 против селекцијата на Исланд.

„Горд сум што ќе бидам селектор на Македонија. Веднаш ќе почнеме со работа и јас ќе се вложам максимално, како и секогаш. Мислам дека вклопувањето нема да биде тешко поради тоа што сум тука, во Скопје. Ги знам македонските играчи, сакам во наредниот период да поразговарам со сите посебно и верувам дека ќе се подготвиме добро за предизвикот кој не очекува“, истакна Раул Гонзалез.

Шпанецот на селекторската позиција на Сениорската репрезентација на Македонија го наследува Лино Червар. Одлуката Раул Гонзалез да биде нов селектор на репрезентацијата беше потврдена на денешниот состанок на Управниот Одбор на РФМ.

MAK (rakomet) UO na RFM 30.03.2017-2321

Раул Гонзалез ќе дебитира на клупата на Македонската репрезентација на 4 мај во Скопје, на првиот од двата натпревари против Исланд во рамки на Квалификациите за ЕП 2018 година. Втората средба против Исланд ќе се игра само три дена подоцна, на 7 мај, во Рејкјавик. Во Квалификациите за ЕП 2018 година, Македонија се наоѓа во група уште со Украина и Чешка. По првите две кола од Квалификациите што се одиграа минатата година, сите четири репрезентации имаат по два освоени бода.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright