Раул Гонзалез го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата | Ракометна Федерација на Македонија
Наши пријатели

Раул Гонзалез го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата

01

Селекторот на Машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави списокот од 19 ракометари на кои ќе смета на подготовките за време на ЕХФ неделата што ќе трае во периодот од 02 до 08 април 2018 година.

Ракометарите во овој период ќе се подготвуваат за претстојните бараж натпревари за Светското Првенство 2018 што Македонија ќе ги одигра против селекцијата на Романија во јуни. Покрај тренинзите во Скопје, нашите репрезентативци во текот на ЕХФ неделата ќе одиграат и еден пријателски натпревар од затворен карактер против репрезентацијата на Русија.

Список на ракометари на Машка сениорска репрезентација за ЕХФ Недела (02-08.04.2018):

Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Дејан Манасков, Филип Талески, Горан Крстевски, Филип Кузмановски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Велко Маркоски, Дарко Димитриевски, Гоце Ојлески.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright