Раул Гонзалез го објави поширокиот список на Сениорите за ЕП Хрватска 2018

Раул Гонзалез го објави поширокиот список на Сениорите за ЕП Хрватска 2018

Селекторот на Машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави поширокиот список од 28 ракометари за Европското Првенство што во периодот од 12 до 28 јануари ќе се игра во Хрватска.

ПОШИРОК СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ ЗА ЕП ХРВАТСКА 2018:

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски, Мартин Томовски
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Немања Прибак, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Аце Јоновски, Велко Марковски, Горан Крстевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Мартин Серафимов,
Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Мартин Поповски
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски

Сениорската репрезентација на Македонија на ЕП во Хрватска се наоѓа во група со Германија, Словенија и Црна Гора, а натпреварите од првата групна фаза ќе ги игра во Загреб. Според распоредот, Македонија во првото коло на 13 јануари се среќава со Словенија, на 15 јануари противник на нашиот состав ќе биде Црна Гора, додека групната фаза ја затвораме со меч против Германија на 17 јануари.

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести