Наши пријатели

Првиот собир на сениорите во понеделник, Раул повика 20 ракометари

01

Селекторот на Машката сениорска репрезентација, Раул Гонзалез, го закажа првиот официјален собир за подготовките за бараж натпреварите за СП 2019 против Романија.

Собирот е закажан за 4 јуни 2018 (понеделник) со почеток од 16:30 часот во хотелот Александар Палас во Скопје. Веднаш потоа, ќе се одржи и првиот тренинг на репрезентацијата, од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Селекторот Раул Гонзалез, за собирот повика 20 ракометари:

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ ЗА ПРВ СОБИР:

Голмани: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Велко Маркоски
Крила: Дејан Манасков, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски

Во меѓувреме, до почетокот на првиот официјален собир, неколкумина ракометари од селекцијата кои веќе ги завршија обврските за своите клубови во натпреварувачката сезона, ќе работат индивидуални тренинзи со селекторот и со остатокот од стручниот штаб на репрезентацијата, кои секојдневно се одржуваат во салата Автокоманда во Скопје.

Сениорската машка репрезентација двете средби од баражот за СП против Романија ќе ги одигра на 10 и 13 јуни 2018. Првата средба на 10 јуни се игра во СЦ „Борис Трајковски“, додека реваншот на 13 јуни ќе се одигра во градот Клуж.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright