Претседателот Иванов им посака среќа на ракометарите во Полска

Претседателот Иванов им посака среќа на ракометарите во Полска

Денеска на утринскиот тренинг на сениорската репрезентација, Претседателот на Р.Македонија – Ѓорѓе Иванов ги посети ракометарите и им посака успешен настап на големиот европски собир.

Иванов при посетата на тренингот, кратко поразговара со репрезентативците и им подари македонско знаме. Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов заедно со играчите и комплетниот стручен штаб се заблагодарија за поддршката и на Иванов му подарија дрес со бројот 1.

Нашата сениорска репрезентација попладнево ќе го одработи последниот тренинг пред заминувањето за Краков кое е предвидено за утре точно на пладне. Според планот, Македонија веќе утре вечер ќе го одработи првиот тренинг во Краков, а првиот натпревар на Европското Првенство ќе го одиграме во петок од 18:00 часот против Франција.

Фото: Филип Вирановски

12510689_10153192055721644_1654437782_o

12528200_10153192055611644_1447661205_o

12544044_10153192055726644_1730550473_o

12545774_10153192055706644_413655503_o

12546182_10153192055701644_1494103649_o

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на