Наши пријатели

Познати термините за Завршниот турнир од Купот на Македонија

FLP_3050-2

Викендов во Битола и во Скопје ќе се одиграат завршните турнири од Купот на Македонија 2017 во машка и женска конкуренција.

Фајнл Фор турнирот од машкиот Куп ќе се игра во Битола во салата „Младост“. Првото полуфинале во кое ќе се сретнат РК Охрид 2013 и домаќинот РК Еурофарм Работник ќе почне од 17:30 часот во сабота, додека во второто полуфинале чиј почеток е закажан исто така во сабота од 20:30 часот, ќе се сретнат скопските ривали РК Вардар и РК Металург. Финалето ќе се игра во недела од 16:30 часот.

[ФАЈНЛ ФОР КУП НА МАКЕДОНИЈА 2017, МАЖИ – ДЕЛЕГИРАЊЕ]

Во пресрет на Завршниот турнир во машка конкуренција, се одиграа и заостанатите натпревари од четвртфиналето во кои РК Вардар ја оправда фаворитската улога против ГРК Борец и РК Радовиш и славеше две победи за пласман во полуфиналето:

15.05.2017, РК Вардар – ГРК Борец 48-28 (24-16) – Записник од натпреварот
16.05.2017, РК Радовиш – РК Вардар 19-44 (9-21) – Записник од натпреварот

Фајнл Фор турнирот во Купот на Македонија 2017 во женска конкуренција ќе се игра во петок и сабота, а натпреварите ќе се одиграат во салата „Автокоманда“ во Скопје. Во првото полуфинале во петок, домаќинот ЖРК Металург од 13:30 часот ќе игра против ЖРК Прилеп, додека второто полуфинале помеѓу ЖРК Гевгелија и ЖРК Вардар ќе започне од 16:30 часот. Финалето е закажано за сабота од 12:30 часот.

[ФАЈНЛ ФОР КУП НА МАКЕДОНИЈА 2017, ЖЕНИ- ДЕЛЕГИРАЊЕ]

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright