Пораз на сениорките од Австрија

Пораз на сениорките од Австрија

Македонската женска сениорска репрезентација по вчерашната победа над Фарски Острови, денеска доживеа пораз од Австрија со 28-19 во вториот меч од квалификациите за СП. Утре во последниот меч од турнирот Македонија се среќава со Исланд.

И покрај тоа што играше солидно во поголемиот дел од средбата, нашата репрезентација на крајот загуби од фаворизираниот противник со 9 голови разлика. Мечот во Торшавн почна со неколку промени на водството за двете репрезентации, додека Теодора Керамичиева со 4 голови, заедно со Елена Ѓорѓијевска го предводеа нападот на нашиот тим. Македонија водеше со 5-4 по првите 10 минути игра, но следуваше период на деконцентрација во нашиот тим, неколку загубени топки во напад кои Австријките знаеја да ги претворат во реализации преку контра напади и Австрија го превзема водството. Избраничките на Симе Симовски ја консолидираа играта до крајот на полувремето, но на пауза се замина со предност на Австрија од 14-10.

На стартот на второто полувреме, одлична на нашиот гол беше Наташа Антиќ, а со головите на Ливриниќ и Саздовска, Македонија се доближи до 14-12. Сепак, не успеаја нашите репрезентативки да го одржат истото темпо, неколкуте промашени шутеви од чисти ситуации, како и погодените стативи во нападот донесоа нов подолг период без гол за Македонија, а Австрија тоа и во оваа ситуација знаеше да го казни со што се одлепи на веќе недостижна разлика. Во завршницата Австријките дополнително го зголемија водството за конечни 28-19.

Сара Ристовска и на овој натпревар беше прв стрелец во нашиот тим со 8 постигнати голови, а Теодора Керамичиева го заврши мечот со 6. Елена Ѓорѓијевска и Елена Ливриниќ постигнаа по 2 гола, а во листата на стрелци со 1 гол се запиша и Јована Саздовска.

Вечерва во квалификациската група Исланд и Фарски Острови ќе го комплетираат колото, а утре во завршниот ден од турнирот, Македонија ќе се сретне со Исланд од 17:00 часот. Најдобропласираните две селекции од групата обезбедуваат место во баражот за Светското Првенство 2017 година.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на