Наши пријатели

Пораз на Младинките од Црна Гора во мечот за третото место

18279045_1132362130201289_4639207736765993807_o

Младинската женска ракометна репрезентација на Македонија доживеа пораз од Црна Гора со 37-23 во натпреварот за третото место на пријателскиот меѓународен турнир во Будимпешта.

Црногорките рано во натпреварот поведоа со 6-2, а до крајот на полувремето иако Македонија ја подобри играта, не успеа да ја намали негативата. На пауза се замина со резултат 18-11, за во рутинското второ полувреме, Црногорките дополнително да ја зголемат предноста за конечен триумф од 37-23.

Леонида Гичевска играше одличен натпревар за нашиот состав, завршувајќи го со 10 постигнати голови. Иванова и Велкова додадоа по 3 гола, стрелци на по два гола беа Николовска и Глигоријадис, додека со по 1 гол во листата на стрелци се запишаа и Владева, Камческа и Гајиќ.

Овој турнир во Будимпешта претставува подготовка за тимот на селекторот Борче Марковски пред Европското Првенство за младинки што летово ќе се игра во Словенија. На континенталниот собир, Македонија ќе игра во група со Норвешка, Хрватска и Русија.

(Фото: Филип Вирановски, Gol.mk)

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright