Пораз на младинките од Словенија во квалификациите за СП

Пораз на младинките од Словенија во квалификациите за СП

Нашата Женска младинска репрезентација (У20), по високата победа над Израел вчера, денеска доживеа пораз од Словенија од 26-20 кој сериозно ги намалува шансите за пласман на Светското Првенство.

Во пресрет на последниот ден од Квалификациите што се играат во Франција, на нашата репрезентација ќе и биде потребна победа над домаќинот од 11 или повеќе голови, за да ја заврши групата на првото место, а со тоа и да се пласира на завршницата од светскиот собир. Постои варијанта Македонија да оди на СП дури и со минимална победа над Франција, но за тоа треба Словенија да не го победи Израел, иако Словенките важат за големи фаворити во тој меч.

Се играа изедначени први 9 минути од денешниот натпревар, по кои резултатот беше 5-5. Сепак, следуваше серија на Словенија од 5-1 со која тие го превземаа водството и не го испуштија до крајот. Преку Ристовска и Нолевска нашиот состав намали на 11-10, но Пишек со два гола во низа повторно ја зголеми разликата и на полувреме се замина со 14-12 за Словенија.

На стартот на второто полувреме избраничките на Симе Симовски имаа проблеми со реализацијата и Словенија тоа знаеше како да го искористи, па преку Пишек и Станко стигна до највисоки 19-13. Керамичиева и Ристовска брзо вратија со два гола, навестувајќи дека Македонија нема рано да се откаже од мечот, сепак во завршницата повторно изостана реализацијата на нашиот тим и Словенија го приведе натпреварот кон крај за конечни 26-20.

Сара Ристовска со 7 погодоци беше повторно најпрецизна во нашиот тим, а Теодора Керамичиева додаде 5 гола. Реализатори на по два гола беа Митова, Бојаџиска и Нолевска, додека по еднаш погодија Стојановска и Гичевска. Кај Словенија најдобри беа Станко со 10 и Пишек со 9 голови.

Последниот натпревар од Квалификациите против Франција, нашата репрезентација го игра утре (недела) од 15:00 часот.

 

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на