Наши пријатели

Пораз на Македонија во првата средба од баражот за СП против Шведска

03

Сениорската женска репрезентација на Македонија загуби во првиот бараж натпревар за пласман на СП 2017 од фаворизираната Шведска. На натпреварот во СРЦ „Кале“ во Скопје, Швеѓанките славеа триумф од 31-20. Реваншот во Шведска се игра во вторник.

Иако добро го почнаа натпреварот, нашите репрезентативки немаа сили да го задржат високото темпо на игра кое го наметна Шведска и на крајот доживеаја пораз од 31-20 на првата средба од бараж-двомечот.

Македонија преку погодоците на Елена Ѓорѓијевска, Ливриниќ и Ристовска по 8 минути водеше со 4-3, но следуваше подолг период од 13 минути во кој имавме проблеми во нападот и постигнавме само еден погодок, па иако во истиот период игравме и доста цврста одбрана, Шведска направи пресврт и дојде до водство кое не го испушти до крајот.

На полувреме се замина со 12-9 за гостинската репрезентација, а во второто полувреме Швеѓанките постојано го зголемуваа водството за конечен триумф од 31-20.

Најпрецизна во нашиот тим беше Елена Ѓорѓијевска со 7 погодоци, Ливриниќ додаде 4, стрелци на по 3 гола беа Душица Ѓорѓијевска и Сара Ристовска, а уште во листата на стрелци се запишаа Мирјета Бајрамовска со 2 и Ивана Гакидова со 1 гол.

Реванш натпреварот од баражот за СП 2017 година се игра во Иштад во Шведска на 13 јуни (вторник).

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright