Наши пријатели

Пораз на Кадетите во полуфиналето од Белорусија

MKD6LUX

Кадетската репрезентација на Македонија (до 18 години) не успеа да ја продолжи победничката низа од групната фаза и доживеа пораз во полуфиналната средба од расположената Белорусија со 32-30 на ЕХФ Шампионатот што деновиве се игра во Тбилиси.

Уште од стартот на средбата нашите ракометари имаа проблеми да ја минат грубата белоруска одбрана, но шесте одбрани на Марко Кизиќ само во првите 15 минути од натпреварот, го одржуваа резултатот изедначен. Во вториот дел од полувремето, Белорусија знаеше како да ги искористи промашените зицери и седмерци на нашиот тим и на пауза замина со предност од 17-13.

Во второто полувреме имаа обиди избраниците на Данило Брестовац резултатски да се вратат во игра, но расположените белоруски бекови со поголемиот број погодоци од далечина не дозволија пресврт. Во период од второто полувреме Марко Кизиќ повторно имаше свои минути со неколку одбранети зицери на противникот, но зачестените грешки во нападот во тој период, ја оставија Белорусија во контрола. На две минути до крајот Македонија дојде до само два негатива и имаше и седмерец, но голманот на Белорусија одбрани и ги сруши надежите за пресврт. Во последните две минути немаше погодок на ниту една страна, а Белорусија прослави триумф од 32-30.

По овој пораз, Македонија ги загуби шансите за пласман на ЕП 2020, а утре за крај на ЕХФ Шампионатот ќе игра против Швајцарија во мечот за бронзениот медал. Тој натпревар почнува во 14:00 часот по македонско време. Во финалето од ќе играат Белорусија и Италија.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright