Полска и Гдањск домаќини на квалификацискиот турнир за ОИ

Полска и Гдањск домаќини на квалификацискиот турнир за ОИ

Светската Ракометна Федерација (ИХФ) денеска ги објави имињата на земјите кои ќе ги организираат трите квалификациски турнири за Олимписките Игри во Рио 2016. Репрезентацијата на Македонија својот турнир ќе го игра во Гдањск во Полска против Чиле, Тунис и домашната репрезентација.

Со официјализацијата на оваа информација која се најавуваше во изминатиот период, Македонија во периодот од 8 до 10 април ќе ги одигра трите средби во Гдањск, во борба за некое од првите две места во групата кои водат до историски пласман на ОИ. Веќе е познат и распоредот на одигрување на натпреварите на квалификацискиот турнир:

08.04. Македонија – Полска
09.04. Македонија – Тунис
10.04. Македонија – Чиле

Најдоцна еден месец до почетокот на турнирот, поточно најдоцна до 8 март 2016 година, репрезентациите учесници ќе го соопштат својот поширок список на ракометари кои ќе им бидат на располагање за овие три средби.

Инаку, покрај Гдањск и Полска кои ќе бидат домаќини на првиот турнир, Малме (Шведска), односно Хернинг (Данска) ќе бидат организатори на останатите два квалификациски турнири за пласман на Олимписките игри.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на