Наши пријатели

Подготвителни натпревари со Црна Гора пред ЕП во Полска

MKD-MNE-23-640x360

Непосредно пред заминувањето за Краков, Македонската сениорска машка репрезентација ќе одигра две контролни средби со Црна гора, како последна подготовка пред настапот на Европското Првенство.

На 10 и 11 јануари во Скопје, нашата репрезентација ќе одигра два подготвителни натпревари против Црна Гора, која е дел од Групата Д на Европското Првенство. За селекторот на Македонската репрезентација, Ивица Обрван, овие два натпревари ќе претставуваат последна проверка пред настапот на континенталниот шампионат во Полска.

Покрај овие два натпревари, репрезентацијата на Македонија во склоп на подготовките ќе одигра и две средби против Словенија на гостински терен на 4 и 5 јануари.

На Европското Првенство во Полска, Македонија се наоѓа во силната Група А заедно со репрезентациите на Франција, Србија и домаќинот Полска, а натпреварите ќе ги игра во Краков. Првенството почнува на 15 јануари.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright