Наши пријатели

Почнува ВИП Машката Суперлига. Работнички го пречекува Охрид

Вечерва од 20:00 часот во Спортскиот Центар „Форца“ во Скопје, со натпреварот помеѓу Работнички и Охрид 2013 ќе се отвори новата сезона од ВИП Машката Ракометна Суперлига.

И Работнички и Охрид во текот на летото направија поголем број промени во однос на играчкиот кадар, а засилувањата на двете страни ветуваат интересен и квалитетен ракомет, како најава за она што треба да следува сезонава.

Работнички со доведувањето на браќата Маркоски, Златко Мојсоски и Мите Стоилов, како и странските засилувања Марсениќ и Илиќ, јасно ги најави високите амбиции за сезоната, како продолжување на резултатскиот прогрес по минатогодишниот настап во Плејаут лигата. Слично најави и Охрид, кој се засили со четворица нови странски ракометари, а успешниот настап на пријателскиот турнир во Прилеп во текот на паузата, ќе влијае дополнително мотивирачки за успешен старт на елитното натпреварување.

Средбата помеѓу Работнички и Охрид 2013 во Спортскиот Центар „Форца“ ќе почне од 20:00 часот и директно ќе се емитува на МРТВ. Покрај телевизискиот пренос, натпреварот ќе може да се проследи во живо и на http://macedoniahandball.com.mk.

Во рамки на првото суперлигашко коло, утре од 19:00 часот ќе се одигра натпреварот помеѓу Прилеп и Пелистер, додека за недела се предвидени средбите Борец – Металург 2 и Тинекс Пролет – Радовиш. Вардар Јуниор и Металург својата средба ќе ја одиграат во среда, поради настапот на Металург во Лигата на шампионите во сабота.

ВИП Машка Суперлига, 1.коло:
Петок (20:00) Работнички – Охрид 2013
Сабота (19:00) Прилеп 2010 – Пелистер
Недела (18:00) ГРК Борец – Металург 2
Недела (19:00) Пролет 62 – Радовиш
Среда (17:00) Вардар Јуниор – Металург

Покрај средбите од елитното натпреварување, викендов со свое прво коло почнува и Првата Машка Ракометна Лига. Според распоредот, сите пет натпревари се играат во неделните попладневни термини, додека средбата помеѓу Куманово и Преспа е одложена.

Прва Лига Мажи, 1.коло:
Недела (13:00) Струга – Метрополис
Недела (14:00) Текстилец – Македонија ЃП
Недела (14:30) Младост – Гостивар
Недела (15:00) Риниа М – Вардар 2
Недела (17:00) ГРК Тиквеш – ХЈС Работник

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright