Почна продажбата на влезниците за Македонија – Исланд

Почна продажбата на влезниците за Македонија – Исланд

Македонската машка ракометна репрезентација во четврток (04.05.2017), со почеток од 20:00 часот во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го одигра третиот натпревар од Квалификациите за ЕП 2018 против селекцијата на Исланд.

Продажбата на влезници за натпреварот почнува денес (24.04.2017) на сите продажни места на МК Тикетс низ државата, а влезници можат да се резервираат и online на интернет-страницата на МК Тикетс.

[Продажна мрежа – МК Тикетс]

Влезниците се продаваат по ценa од 100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер).

Натпреварот против Исланд е од огромно значење за нашата репрезентација во борбата за пласман на ЕП 2018 во Хрватска. Македонија, заедно со Исланд, но и со останатите две селекции кои се наоѓаат во нашата група (Чешка и Украина) има по 2 освоени бодови по првите две одиграни средби.

По завршувањето на овој натпревар, Македонија на 7 мај ќе гостува во Рејкјавик на Исланд, а последните две средби од групата против Украина на гостински терен и против Чешка дома, ќе се одиграат на средината на јуни. Првопласираните две репрезентации од групата обезбедуваат учество на ЕП 2018 во Хрватска.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на