Наши пријатели

Победа за Јуниорите во втората пријателска средба со Словенија

13709823_880445948726243_403535036969917278_n

Јуниорската машка ракометна репрезентација на Македонија (до 20 години) ја совлада соодветната селекција на Словенија во вториот пријателски меч во рамки на подготовките за ЕП 2016. Во уште еден тесен и максимално неизвесен натпревар, Македонија победи со 22-21.

Денешната средба во Рогла имаше сличен тек на вчерашниот дуел. Рано во мечот Македонија го превзема водството кое го одржуваше во најголемиот дел од натпреварот. Предводени од Филип Талески кој само во првото полувреме постигна 5 голови, избраниците на Александар Јовиќ на пауза заминаа со предност од 10-8.

Во неколку наврати на почетокот на второто полувреме, нашите ракометари имаа можност да ја зголемат разликата, сепак Словенија во периодот од 43-та до 50-та минута, со серија од 4 голови направи пресврт и поведе со 20-17. Но нашиот состав не дозволи противникот посериозно да се одлепи, а свои минути во завршницата имаше Филип Арсеновски, кој воедно го постигна и последниот гол за Македонија во последната минута, за водство од 22-20 кое значеше и победа на средбата. Словенија во завршните моменти реализираше за намалување и ги постави конечните 22-21.

Најпрецизен и на оваа средба за нашиот тим беше Филип Талески со 6 голови, а Арсеновски додаде 4 погодоци. По 3 реализираа Палевски и Нелоски, додека стрелци на по 2 гола беа Кузмановски и Крстевски. Во листата на стрелци со по една реализација се запишаа и Велковски и Јагуриновски.

По овој втор натпревар во Рогла, нашата репрезентација заминува за Умаг, Хрватска, каде ќе продолжи со подготвките за ЕП. Во Умаг ќе се тренира по два пати дневно заклучно со 27 јули, за кога е предвидено заминувањето за Данска на Европското Првенство. Покрај тренинзите, Македонија во Умаг ќе одигра и две пријателски средби против домашната репрезентација, на 23 и 24 јули.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright