Наши пријатели

Одредени 17-те ракометари што ќе патуваат за Чешка

92759-chervar-kako-shto-velite-vie-makedoncite-mora-da-bide-vojna-vo-zlin

Селекторот на Сениорската машка репрезентација на Македонија, Лино Червар, ги соопшти имињата на 17-те ракометари што во петок ќе патуваат за Злин, за првиот натпревар од двомечот против Чешка за пласман на СП 2017 година.

Од листата од 20 ракометари со кои Червар ги работеше последните тренинзи во СРЦ „Кале“, последни отпаднаа Златко Даскаловски, Никола Костески и Милорад Кукоски. По завршувањето на средбата во Злин, односно со продолжувањето на тренинзите за реванш-натпреварот во Скопје, овие тројца ракометари ќе продолжат со тренинзите и рамноправно со сите останати играчи ќе конкурираат за место во составот на втората средба.

Репрезентацијата на Македонија за Злин патува во петок рано изутрина во 08:00 часот, а натпреварот ќе се одигра во сабота од 12:30 часот. Веднаш по завршувањето на средбата, нашиот состав се враќа во Скопје, каде од недела ќе продолжи со редовните тренинзи. Реванш натпреварот од баражот за СП 2017 година ќе се одигра во среда (15 јуни) во ВИП Арена „Борис Трајковски“ од 20:00 часот.

Ракометари што патуваат за Злин, за прв натпревар од бараж за СП:
Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски
Бекови: Кирил Лазаров, Наумче Мојсоски, Немања Прибак, Филип Лазаров, Влатко Митков, Филип Талески, Филип Миркулоски, Аце Јоноски, Велко Марковски
Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски

Фото: Sportmedia.mk

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright