Наши пријатели

Одиграни осминафиналните натпревари од машкиот Куп

logo_rfm2-768x535

Викендов низ Македонија се одиграа четирите осминафинални турнири во Купот на Македонија во машка конкуренција, по кои познати се сите екипи кои ќе играат во четвртфиналните групи.

ХЈС Работник го освои турнирот што се играше во Битола по победата над Преспа во финалето со 27-21, додека Младост славеше на турнирот во Богданци, откако го совлада Текстилец во финалната средба со 31-25. На двата турнири во Скопје, Вардар 2 го победи Гостивар во едното финале со 37-26, а турнирот во салата „Кочо Рацин“ и припадна на Македонија Ѓорче Петров, по триумфот во интересното финале против Риниа со 31-28.

Резултати, 1/8 финале Куп на Македонија:

Турнир 1, Битола:
Преспа – Струга 26-23 (15-11)
(Финале) ХЈС Работник – Преспа 27-21 (16-07)

Турнир 2, Скопје:
Вардар 2 – Куманово 27-15 (14-08)
(Финале) ГРК Гостивар – Вардар 2 26-37 (08-17)

Турнир 3, Богданци:
Текстилец – ГРК Тиквеш 24-19 (10-09)
(Финале) Младост – Текстилец 31-25 (13-13)

Турнир 4, Скопје:
Македонија ЃП – Метрополис 27-25 (12-11)
(Финале) Риниа М – Македонија ЃП 28-31 (16-16)

Според распоредот, четвртфиналните групи ќе се одиграат на 16 и 17 април 2016 година. Во четвртфиналето, ХЈС Работник, Вардар 2, Младост и Македонија ЃП, ќе им се приклучат на Вардар, Струмица, Металург, Прилеп, Охрид, Работнички, Вардар Јуниор, ГРК Борец, Пелистер, Пролет, Радовиш и Металург 2. Во четвртфиналето ќе се одиграат четири турнири чии домаќини дополнително ќе бидат одредени, а победниците од четирите турнири ќе се пласираат во полуфиналето. Полуфиналето и финалето се предвидени за 14 и 15 мај 2016.

 

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright