Наши пријатели

Објавен новиот клупски ранкинг на ЕХФ за 2020/21 година

EHF_logo_No_textBlue_RGB

На најновата клупска ранкинг листа на ЕХФ, Македонија во машка категорија го оствари својот најдобар рејтинг на клупски план а со тоа обезбедува загарантиран пласман во Лига на Шампиони за 2020/21 година.

Клупскиот ранкинг на Македонија е на 3-тата позиција со 115 бодови, пред Македонија се Германија со 132 бода и Франција со 139 бодови. Македонија во сезоната 2020/21 загаратирано ќе има еден претставник во Лига на Шампиони и три претставници во Европската ракометна лига (по старо ЕХФ Куп), а нема да имаме претставник во Челинџ Куп (ново ЕХФ Куп).

ЕХФ Клупски ранкинг мажи

Во женска конкуренција сме на 8-та позиција, а со тоа имаме загарантирано место во Лига на Шампиони за сезона 2020/21, а според ранкингот имаме и загарантирани три места во Европската ракометна лига (старо ЕХФ), нема да имаме претставник во ЕХФ Куп (старо Челинџ Куп).

ЕХФ Клупски ранкинг жени

Новата ранкиг листа за сезона 2020/21 се заснова на клупските резултати од сезона 2016/17, 2017/18 и 2018/19.

 

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright