Наши пријатели

Младост 09 од Богданци е нов Суперлигаш

IMG_1914

Екипата на Младост 09 од Богданци го освои првото место во Првата машка ракометна лига за сезоната 2016/17, со што обезбеди пласман во Суперлигата за наредната сезона. Во последното коло од Првата лига, Младост 09 славеше на гостински терен кај Преспа со 27-22, осигурувајќи ја првата позиција на табелата пред второпласираниот Вардар 2.

РК Работнички го заврши овогодинешниот суперлигашки Плеј аут на последното место, со што наредната сезона ќе се натпреварува во Првата машка лига.

Второпласиранот од Првата лига, Вардар 2, и претпоследнопласиранот од Плеј аут лигата, Металург 2, ќе одиграат бараж натпревар по кој победникот, во сезоната 2017/18 ќе се натпреварува во Суперлигата, додека поразената екипа ќе продолжи во Првата лига.

Бараж натпреварот помеѓу Металург 2 и Вардар 2 е закажан за 6 јуни (вторник) со почеток од 17:30 часот во салата „Автокоманда“ во Скопје (делегирање за бараж-натпревар).

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright