Наши пријатели

Младинците во група со Шпанија, Тунис, Бразил, Русија и Брукина Фасо на СП

SP U21 (rakomet-kvalifikacii) Makedonija-Turcija 06.01.2017-8068

Младинската машка ракометна репрезентација (до 21 година), летово во периодот од 18 до 30 јули ќе настапи на Светското првенство за младинци во Алжир, а денеска на извлекувањето во Базел ги доби петте противници во првата групна фаза.

Македонија се најде во Групата Ц, заедно со селекциите на Шпанија, Тунис, Бразил, Русија и Брукина Фасо, во ситуација каде првопласираните четири селекции од групата обезбедуваат место во елиминациското осминафинале.

Избраниците на селекторот Иле Темелковски до пласман на Светското Првенство стигнаа со победата на квалификацискиот турнир што се играше во јануари во Скопје, каде настапија уште селекциите на Полска, Португалија и Турција.

Светско младинско првенство, Алжир (18-30.07.2017):
ГРУПА А: Германија, Норвешка, Фарски Острови, Унгарија, Јужна Кореја, Чиле
ГРУПА Б: Франција, Данска, Катар, Египет, Словенија, Шведска
ГРУПА Ц: Шпанија, Тунис, Македонија, Бразил, Буркина Фасо, Русија
ГРУПА Д: Исланд, Хрвтска, Алжир, Саудиска Арабија, Арентина, Мароко

 

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright