Младинците се пласираа на Светското Првенство

Младинците се пласираа на Светското Првенство

Младинската машка репрезентација на Македонија (до 21 година) со доминантна игра и убедлива победа над Турција од 39-19, направи огромен успех и со освоеното прво место во квалификациската група, обезбеди пласман на Светското младинско првенство што летово ќе се игра во Алжир.

Високиот триумф на Португалија над Полска во првиот меч од последниот квалификациски ден, значеше дека Македонија за да го освои првото место во групата треба да ја совлада Турција со над 18 голови разлика. Свесни за тешката задача која ги очекува, избраниците на Иле Темелковски уште од стартот јасно ставија до знаење дека се исклучително мотивирани и подготвени да се соочат со предизвикот. Македонија водеше во текот на целата средба, а преку Шилегов и Талески кои ги предводеа стрелците, стигна до водство на полувремето од 22-13.

Продолжија нашите младинци во ист стил и на стартот на второто полувреме, а на само нешто повеќе од 10 минути до крајот, веќе ја достигнаа потребната позитива. Играта се успори во самата завршница, но Македонија знаеше да го задржи високото водство до крајот за конечен и заслужен триумф од 39-19 и пласман на Светското Првенство.

Мице Шилегов со 10 голови беше прв стрелец во нашиот тим, а капитенот Талески додаде 9 погодоци. Давор Палевски беше стрелец на 7 гола, Арсеновски постигна 4, а во листата на стрелци се запишаа и Нелоски и Велковски со по 3 гола, Димитриоски кој постигна 2, како и Крстевски кој беше стрелец на еден погодок.

sp-u21-rakomet-kvalifikacii-makedonija-turcija-06-01-2017-7675

sp-u21-rakomet-kvalifikacii-makedonija-turcija-06-01-2017-7773

sp-u21-rakomet-kvalifikacii-makedonija-turcija-06-01-2017-7971

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на