Наши пријатели

Младинците против Русија го почнуваат Светското Првенство во Алжир

viber image4

Денеска од 15:00 часот по македонско време, нашата младинска репрезентација (до 21 година) го почнува настапот на Светското Првенство во Алжир со натпревар против селекцијата на Русија.

Нашиот состав вчера пристигна во Алжир каде веќе го одработи и првиот тренинг во салата каде денеска ќе се игра натпреварот. Избраниците на Иле Темелковски максимално подготвени ја очекуваат средбата со Русија, која може да има огромно значење за посакуваниот пласман во втората елиминациска фаза од Првенството.

По натпреварот со Русија следува слободен ден за нашата репрезентација, а следната средба е во четврток од 21:00 часот против Брукина Фасо. Во петок од 19:00 часот играме против Тунис по што следува уште еден слободен ден пред последните две средби со Шпанија на 23 јули од 19:00 часот и со Бразил на 24 јули од 19:00 часот за крај на групната фаза. Најдобропласираните четири репрезентации од групата ги продолжуваат натпреварите во осминафиналната елиминациска фаза што ќе се игра на 26 јули. Во случај на пласман понатаму, Македонија ќе игра против некоја од репрезентациите од групата Д во која се Хрватска, Исланд, Алжир, Саудиска Арабија, Аргентина и Мароко.

Во склоп на подготвителниот период за СП во Алжир, нашата репрезентација тренираше во Скопје и во Маврово, а одигра и две пријателски средби против Катар во Доха на кои оствари една победа и еден пораз. Селекторот Темелковски за Првенството на располагање ќе ги има следните ракометари: Филип Талески, Филип Кузмановски, Филип Арсеновски, Мартин Томовски, Мартин Велковски, Милан Лазаревски, Марио Танкоски, Марко Нелоски, Мице Шилегов, Давор Палевски, Дарио Петровски, Томислав Јагуриновски, Димитар Димитриоски, Никола Даниловски, Иван Џонов и Горан Крстевски.

viber image2

viber image3

viber image5

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright