Младинците и Кадетите без пораз на турнирот во Унгарија

Младинците и Кадетите без пораз на турнирот во Унгарија

Македонските репрезентации во Младинска и Кадетска конкуренција го завршија успешниот настап на меѓународниот турнир во Унгарија со максимален учинок – вкупно 9 победи од исто толку натпревари.

Избраниците на Данило Брестовац во двете возрасни конкуренции денеска ги одиграа последните две средби во кои противник им беше Бугарија и на кои исто како и вчера, забележаа сигурни победи.

РЕЗУЛТАТИ:

МЛАДИНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА (ДО 20 ГОДИНИ)
Македонија – РК Веспрем 23-22 (13-14)
Македонија – РК Ајка 24-23 (14-10)
Македонија – Бугарија 32-17 (20-8)
Македонија – Бугарија 41-29 (16-13)

КАДЕТСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА (ДО 18 ГОДИНИ)
Македонија – РК Егершеги 55-13 (25-6)
Македонија – РК Веспрем 27-25 (12-12)
Македонија – РК Егершеги 42-10 (21-6)
Македонија – Бугарија 31-20 (15-9)
Македонија – Бугарија 33-21 (17-12)

Младинската и Кадетската репрезентација на Македонија се подготвуваат за ЕХФ Шампионатите што ги очекуваат ова лето во Скопје, односно Тбилиси. Заедно со подготовката за континенталните собири ова лето, овие турнири се и во склоп на подолгорочните подготовки за Светското Првенство за кадети чиј домаќин ќе биде Скопје во 2019 година.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести