Наши пријатели

Младинките поразени од Хрватска на отворањето на ЕП

Mladinki

Женската младинска репрезентација на Македонија загуби во првиот натпревар на Европското Првенство што денеска почна во Целје, Словенија. Фаворитот Хрватска ја оправда улогата и славеше триумф од 35-14.

Не добија многу можности избраничките на Борче Марковски да направат изненадување на првата од трите средби во групната фаза на ЕП, откако Хрватска уште од самиот старт креираше предност која постојано ја зголемуваше до крајот. Натпреварот почна со цврста одбрана и малку голови, но во втората половина на првото полувреме Хрватска влезе во серија и користејќи ја слабата игра во нападот на нашите ракометарки, на пауза замина со водство од 14-3. Второто полувреме беше далеку поефикасно на двете страни, а Хрватска знаеше како да го задржи и зголеми водството за конечни 35-14.

Утре нашите ракометарки ќе го одиграат вториот натпревар од групата, а за противник ќе го имаат освојувачот на сребрениот медал од последното Европско Првенство, тимот на Русија. Натпреварот почнува од 17:00 часот.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright