Наши пријатели

Младинките поразени од Франција за крај на Квалификациите за СП

persisted.08a6aabb-9e50-daee-78f9-1c5f09ae2a26._ABS3076

Женската младинска репрезентација на Македонија не успеа да се пласира на завршницата на Светското Првенство, откако во последната рунда од квалификацискиот турнир загуби од домаќинот Франција со 33-21.

Со ова, нашите ракометарки го завршија турнирот на третото место со една победа и два порази, не доволно за пласман на Светското Првенство 2016.

На денешната средба, фаворизираниот домаќин уште од стартот предводен од Кифер и Сила направи предност од 10-3 која ја одржуваше до крајот. Слично како и на претходната средба со Словенија, нашите репрезентативки имаа добра завршница на првото полувреме во која се приближија до достижни 14-12, но Французинките веднаш вратија со три гола во низа и повторно се одлепија на солидна предност.

И покрај обидите на Македонија за ново враќање во второто полувреме, најмногу успеавме да се доближиме до 20-17 во 37 минута. Следуваа 10 минути во кој Франција постигна 8 гола а прими само 1, со што ги разреши дилемите околу победникот на натпреварот. Во завршницата домашниот состав и дополнително ја зголеми разликата за конечни 33-21.

Наташа Нолевска со 6 голови беше најпрецизна во нашиот тим, каде по 4 погодоци додадоа Ристовска и Гичевска. Од останатите стрелци, Сара Митова постигна 3 гола, Керамичиева 2, а Стојановска и Бојаџиска натпреварот го завршија со по 1 гол.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright