Металург убедлив против Работнички за крај на второто Суперлигашко коло

Металург убедлив против Работнички за крај на второто Суперлигашко коло

(Фото: Екипа)

Со високо водство во текот на целата средба во салата во Автокоманда, Металург ја оправда фаворитската улога против Работнички и со заслужен триумф од 28-15 го задржа максималниот учинок по две кола во ВИП Машката Суперлига.

Иако Работнички прв го отвори резултатот, домашните ракометари со одлична игра во одбраната му дозволија на противникот само уште еден гол во следните безмалку 25 минути од натпреварот. Металург направи серија од 10-1, па иако последните минути од полувремето му припаднаа на Работнички, кој брзо врати со три гола во низа, на пауза избраниците на Лино Червар заминаа со водство од 10-5.

Нападот на Работнички профункционира подобро во второто полувреме, но истото беше случај и кај ракометарите на Металург, па разликата брзо се зголемуваше за прво двоцифрено водство од 19-9. Таа предност на домаќините донесе рутинска завршница на последната средба од второто коло во Суперлигата, за конечни и високи 28-15 за Металург.

Дури 11 ракометари во составот на Металург се запишаа во листата на стрелци, меѓу кои Јанко Божовиќ и Никола Костески беа најпрецизни со по 6 голови. Кај Работнички, најдобар реализатор беше Александар Василевски со 5 погодоци.

ЗАПИСНИК ОД НАТПРЕВАРОТ

По комплетираното второ коло од ВИП Суперлигата, Металург и ГРК Борец се на делба на врвот на табелата, како единствени две досега непоразени екипи. Следуват Пелистер, Охрид, Прилеп, Радовиш, Пролет и Работнички со по една победа и еден пораз. Следното коло се игра во петок и сабота, а се среќаваат Пролет – Борец, Работнички – Радовиш, Вардар Јуниор – Пелистер и Прилеп – Металург 2. Средбата помеѓу Охрид и Металург е закажана за 14 октомври.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на