Наши пријатели

Металург 2 подобар од Преспа во баражот за Суперлигата

GIL_4576_resize_resize

Екипата на Металург 2 и наредната сезона ќе се натпреварува во ВИП Суперлигата, откако на синоќешниот бараж натпревар што се играше на неутрален терен во Прилеп, ја совлада Преспа 2010 со 31-24.

Иако Преспа беше тимот што подобро го почна натпреварот и рано поведе со 6-2, скопјани до крајот на првото полувреме успеаја да ја надополнат негативата и да направат пресврт за водство од 15-14 на паузата. Се играше изедначено во првите минути во второто полувреме, кога Металург 2 при резултат 20-20 направи серија од 5-1 и го прв пат стигна до поопипливо водство кое не го испушти до крајот за конечни 31-24.

Димитар Димитриоски со 12 голови го предводеше Металург 2, а во листата на стрелци се запишаа и Танкоски со 7, Шилегов со 5, Лазаревски со 4 и Гошевски со 3 гола. Кај Преспа, прв стрелец беше Илија Јошевски кој постигна 6 голови, додека Антонио Наумовски додаде 5.

По овој бараж натпревар, познато е дека Металург 2 и наредната сезона ќе се натпреварува во Суперлигата, додека Преспа повторно ќе игра во Првата лига. Првите натпревари од лигашкиот дел се предвидени да се играат наредниот викенд.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright