Металург 2 е нов Суперлигаш

Металург 2 е нов Суперлигаш

Екипата на Металург 2 го освои првото место во Првата машка ракометна лига за сезоната 2018/19, со што обезбеди директен пласман во Суперлигата за наредната сезона. Во последното коло од Првата лига, Металург 2 славеше на гостински терен кај Вардар Неготино со 24-32, осигурувајќи ја првата позиција на табелата.

ГРК Борец го заврши овогодинешниот суперлигашки Плеј аут на последното место, со што наредната сезона ќе се натпреварува во Првата машка лига.

Екипите на Јуниор К.В. и Работнички во меѓусебна пресметка ќе се борат за второто место кое носи бараж натпревар со екипата на Прилеп за пласман во Супер лигата.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести