Наши пријатели

Македонија заедно со Словенија ќе конкурира за организатор на сениорските машки Европски Првенства во 2022 и 2024 година

лог

Ракометните Федерации на Македонија и Словенија изразија подготвеност заедно дa конкурираат за организација на сениорските машки Европски Првенства во 2022 и 2024 година.

Ракометната Федерација на Македонија веќе официјално ја испрати својата кандидатура до ЕХФ, а тоа ќе се очекува да го направат и останатите земји кои ќе конкурираат за организација на овие Првенства. Од почетокот на 2018 година, ЕХФ ќе почне да ги разгледува сите пристигнати кандидатури, а конечната одлука ќе ја даде на Годишниот конгрес во Глазгов на 18 и 19 јуни 2018 година.

Ракометната Федерација на Македонија во последните години ужива огромна доверба од ЕХФ и ИХФ во однос на организација на настани од меѓународен карактер, за што потврдуваат честите беспрекорни организации на континенталните и светски собири во младинските категории, како и престижното признание за ТОП Организатор кое и беше доделено на Ракометната Федерација на Македонија од ЕХФ во 2015 година.

Покрај заедничката кандидатура на Македонија и Словенија за машките сениорски Европски Првенства во 2022 и 2024 година, писма со интерес до ЕХФ за организација на овие Првенства испратиле и: Белгија/Шпанија/Франција, Чешка/Унгарија/Словачка, Данска/Германија/Швајцарија, Русија/Белорусија и Литванија за ЕП 2022, односно Чешка/Унгарија/Словачка, Данска/Швајцарија, Германија и Литванија за ЕП 2024 година.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright